продолжи (имн.) - на (предл.)

Помислата дека таа може да биде вистинската жена на неговиот живот, кај него предизвикува неспознаена радост: поради остварувањето на неговиот најголем сон, продолжување на поколението.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова го кажувам од едноставна причина што: тие што живееја убав живот беа главната причина за продолжување на раздобјето на транзицијата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Исто така разбравме дека делува смирувачки ако во семкарницата на нашето старо место купиме по еден фишек време и по еден џепен прирачник за безболно продолжување на самозалажувањето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Мајчинството е дарување на нов живот, но за мене беше и нешто повеќе од тоа – продолжување на едно постоење кое веќе заврши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сѐ ќе биде исто, и сѐ ќе биде ништо.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во двополноста на јазикот, византиски и народен машки и женски во прекинот со традицијата, или поточно во губењето чувство за продолжување на родот, стилот, ритамот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)