На крајот од Програмата во „нужна забелешка“, Комитетот објавува дека на сите шовинистички дејности во Македонија, било тоа да се Бугари, Грци, Срби или било кои други, „нашите комитетски работници се должни да противдејствуваат, а самите носители на таа дејност ќе се прогонуваат како најголеми народни непријатели“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Инаку, претходно, тој дури 18 години беше ангажиран за извршување разни функции во Радиото – но, само преку договор за дело, без ниту ден платен стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тоа е направено едноставно и топло, се раскажува како кога се прикажува бајка, но мајсторството на писателот и педагогот тоа го прават така зашто во него не е ништо измислено, туку сего тоа некогаш било и како такво треба да се знае ида се помни.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Таквите литературизирани судбини во одделни литератури имаат своја богата традиција и претставуваат долгорочен национален интерес и системска програма во творештвото.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во оваа радио станица, во која имаше сѐ на сѐ околу 15-тина вработени – според систематизацијата на работните места тој, барем формално, ја извршуваше функцијата монтажер на звук, иако пропратно беше распределуван и на други работни задачи – првенствено како новинар и водител на снимени емисии, прилози и реклами, како и програма во живо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)