проблем (имн.) - поврзан (прид.)

И веројатно сум бил насмејан во моментите додека во сонот заклучував дека јас треба да бидам тој кој ќе ѝ помогне на Загорка Пеперутката да полета.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Заради заштита од злоупотреби законскиот текст дефинира одредени однесувања и активности кои нема да се сметаат за вознемирување на работното место, а тоа се: (1) поединечните акти донесени од страна на работодавачот со кои се одлучува за права, обврски и одговорности од работен однос, против кои вработениот има право на заштита во постапка утврдена со закон; (2) лишување и оневозможување на остварување и користење на права утврдени со закон, колективен договор и договорот за вработување, чија заштита се остварува во постапка кај работодавачот и пред надлежен суд; (3) секое неоправдано правење на разлика при нееднакво постапување спрема вработениот по кој било основ на дискриминација, кое е забрането и во врска со кое се обезбедува заштита, согласно со закон и (4) повремени разлики во мислењата во врска со прашања и проблеми поврзани со вршењето на работите и работните задачи, освен ако истите немаат за цел да го повредат или намерно навредат вработениот (чл. 8). 77
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Татко, во тие времиња го притискаа сосем други, дневни, конкретни проблеми поврзани со судбината на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како што смета авторот, ако на почетокот од последниве два века (за кои слободно може да се каже дека се во знакот на борбата помеѓу идеологијата и поединецот) бил посилен аспектот идеологијата против поединецот , со постепеното ослабување на врската на поединецот со општеството доаѓа до сѐ поголемо засилување на аспектот поединецот против идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што може да се види од краткиот опис на секоја глава, Бранислав Саркањац во својата книга зафаќа широка лепеза на проблеми поврзани со меѓусебниот однос на идеологијата и поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Паметам оти долго заспивав со опипливото чувство дека во рацете носам нешто надежно што може да ги размрси проблемите поврзани со нејзиното летање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)