проблем (имн.) - во (предл.)

Тие, преку интервенции и прашања до својот синдикат, сѐ почесто се интересираа да добијат било какви информации за новонастанатите проблеми во работењето, особено во тој кризен [воен] период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односно, клучниот проблем е дека работниците, кои во ова себично време сосем ја изгубија меѓусебната почит и солидарност за туѓата мака и туѓото страдање – како да немаат сенс дека со истите проблеми во кои тие тонат, се соочуваат и најголемиот број од вработените во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора да се потенцира и различ- ната политика на групацијата во однос на висината на платите на вработените, при што платите во матичното скопско друштво беа далеку повисоки за разлика од платите кои се исплаќале во битолското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ама како што Движењето за социјална правда „Ленка“ нема симпатии и кокетирања кон „жолтите“ македонски синдикати кои се под сенката на државната патронажа, па дури и отворено и јавно ги критикуваме – ние, со несмалена жестина, ја жигосуваме и работничката апатија, односно неподносливата пасивност на македонските работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Проблемите во битолската топлификација кулминираа во март 2007, кога работодавачот – по инструкции на матичната „Топли- фикација“ АД – Скопје, носи одлука за драстично намалување на платите поради наводните загуби на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оттука, целосно е оправдан работничкиот сомнеж во искрените намери на бирократизираните синдикални раководства, кои облечени во свечени костуми и вратоврски милуваат, особено предизборно, да се фотографираат со владините функционери. 300
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работната атмосфера во фирмата, особено по промената на раководниот кадар, стана доста напната и непријатна – се доцнеше со платите, не се работеше со ентузијазам и вработените беа почесто со лошо расположение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова, пак, прави тоа да е сосем неусогласено, барем според цивилизациските стандарди, со општествено-економските проблеми во кои тонат сè поголемиот број работници и урбани [лумпен]пролетери – кои, притоа, навистина немаат никаков друг егзистенцијален извор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Козите кои отсекогаш го придружувале балканскиот човек, во добро или во зло, одеднаш стану­ваат – голем проблем во реализацијата на сицијалистичките цели?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Светлината не е константна туку трепка како што трепка огнот под неа, но подобро некаква светлина одошто неикаква па да се ризикува да се вклучи градската струја и целот град да се запали носејќи ги животите на сите. Но не е проблемот во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во таа контемплативна состојба дури ни тоа не дозволи да му го помати убаво замислениот ден, кога реши дека е крајно време да го напушти целото образование што очигледно му носеше само проблеми во животот, поради кое влегуваше во караници со сите, во несогласувања, па дури и во физички пресметки - и да си стане шофер.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Која е твојата цена? Ја кажав, многу прецизно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Веќе сме доволно силни и моќни да постигнеме многу нешта.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Подоцна, во 1919 година, Витгенштајн му пишува од затворот, испраќајќи му копија од расправата во која тврди дека не само што успеал да дефинира „тавтологија”, туку дека ги решил и сите останати проблеми во философијата на логиката за кои расправале заедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Расел не ги чекал долго одговорите на овие прашања.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не е проблемот во сумата. м Го заслужуваш лебот што ти го плаќа државата?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите наши проблеми во овој момент сами излегуваат од тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сметките покажуваат дека е добро преку летото да се ослободи „животниот станбен простор“, зашто од приходите на туристите ќе можат да се решат многу проблеми во домашниот буџет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, таа мораше да го уништи, бидејќи, да не заборавиме дека Оскар Вајлд рече: „Ги убиваме оние што ги сакаме”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еве еден сериозен проблем во Америка: како да се најде сценарист, одговорен писател, способен да го организира и сочува она суштинското во приказната?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Набрзо настапија и проблемите во бракот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Не е проблемот во џиповите. Проблем е што народот не оди секоја недела на литургија - му возврати свештеникот. - Па како да оди кога нема доверба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можеби имаше мали проблеми во сексот со оглед на нејзината тежина, но тоа не беше причина за нарушување на мирот во куќа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Колку прекрасен ден. Нема веќе никакви проблеми во мојот ебан живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Првин си имаше проблеми во Институтот, со преамбициозните историчари кои целосно отфрлаа с што беше отоманско и турско, останувајќи длабоко вкопани во борбените историски ровови на ХХ-от век.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Доста често, амфетамините можат да предизвикаат и сериозни проблеми во работата на срцето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оттука е разбирливо зошто ваквиот ограничен концепт оди рака под рака со нискиот статус што го ужива преведувачот, ставајќи акцент на разликата помеѓу писателот и преведувачот обично на штета на вториот. Hilaire Belloc го резимираше овој проблем во Taylorian lecture On Translation уште 1931-та, неговите зборови се актуелни и денес: Уметноста на преведувањето е изведена уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За срцеви болни и за оние со проблеми во крвниот притисок, не се препорачуваат никакви стимуланси. 122 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Студиите можат да бидат генерални или жанровски, вклучувајќи ги и истражувањата на посебните проблеми во преведувањето на поезијата, драмските текстови или либрета и на усвоените проблеми во преведувањето кое се користи во кинематографијата, сеедно дали се работи за синхронизација или за титл.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Под дејството на психоделичните дроги се зголемува и се изострува концентрацијата за одредена задача, способноста за визуализација на проблемите во нивниот најширок контекст, се редуцираат инхибициите, се зголемува енергијата и одлучноста, а сето тоа му е неопходно на уметникот за време на творечкиот процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во оваа категорија спаѓаат и студиите за поетиката на пооделни преведувачи и компарацијата меѓу нив, студии за проблемите во формулирање на поетиката, и студиите за интеррелацијата на текстот на ИЈ и текстот на ЈЦ и на автор- преведувач- читател. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 31
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако, едукацијата на несовесниот работодавач, во принцип, може да се смета за позитивна новост, сепак нејзината незадолжителност може да претставува проблем во праксата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Понекогаш успеваше да ја набљудува како научникот својот предмет на проучување, та во таквите случаи таа го потсетуваше на глушец фатен во стапица со надеж да се ослободи или, уште подобро, на славеј во кафез којшто заборавил дека песната е единственото негово решение на животниот проблем во кој се нашол.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
-Штом ќе ја насетам болката, или ќе се појави некој проблем во врска со здравјето, најнапред одам на лекар а потоа постапувам според неговите наоди и совети. Ништо друго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледаш колку е лековерна: лекари па лекари! Толку е сигурна во нивната секреција!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А лично ми ја донесе приказната за ќерката на генералот Канчевски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Енценсбергер молчаливо се согласи дека треба да проговориме од ова гранично подрачје кое ни ја овозможува приликата да учествуваме во возбудливата размена на философскиот и литерарниот темперамент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во теориски жар веднаш се обидовме посебно да го лоцираме овој проблем во философскиот контекст, за ова прашање обрзувачките теориски расправи помеѓу Жак Дерида и Јирген Хабермас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мојот конкретен проблем во сцената во барот не е само во тоа што девојката која е од Вирџинија зборува со дифтонзи карактеристични за Тајдвотер, туку, што е уште полошо, инсистирам тоа да стане важен елемент од заплетот - за Ливајн тоа е битно, и следствено, битно е и за она што се случува во приказната. okno.mk | Margina #1 [1994] 21
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој претставувал авторитет за нив и немало никакви проблеми во односите ЦК - Кружок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Копањето на каналот во 1900 година и гемиџиското раздвижување во Солун не му го привлекло сериозно вниманието на ЦК и не создало никакви проблеми во односите меѓу ЦК и гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, се појавиле и првите сериозни проблеми во врска со враќањето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неуморно полемизираше со своите пријатели, Македонци и странци, за суштината на проблемите во земјата, за тесната поврзаност на нивната економска природа со меѓуетничката појавност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Учебниците по историја ни објаснуваа дека поради извесни проблеми во раководството на нашиот Покраински комитет сме доцнеле и последни во бивша Југославија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ме оставаш сама да се справам со куќава и сите проблеми во неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На вечера со семејството, мајката ѝ дава оддушка на горчината, поради третманот што го добила од неврологот. решенија за После многу скапи испитувања кои покажале нормални резултати, тој ѝ рекол дека болките и оттрпнувањето што ја исплашиле се должат на стрес и дека “сето тоа е проблемите во нејзината глава”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Теоретичарот на правото, Џејмс Џекобс (James Jacobs), не греши кога вели дека расправата во врска со легализацијата во Соединетите Држави се води на погрешен начин; таа го скршнува вниманието од сѐ што би можело да се направи за да се намали злоупотребата на дрога и да се формулира разумна политика за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Збурувајќи за своите проблеми во вистинската прилика, ќе го забрзаш процесот на напредок.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа е историскиот процес на либералната демократија во којшто класата се дислоцира самата себе и не го решава проблемот во рамките на една чувствена одбрамбена реакција, туку го прави непроблематичен во динамиката на својот развој - НАДМИНУВАЊЕ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓутоа, во областите како што се типографијата, хирографијата (пишување со рака) и психологијата на некои аспекти на тие проблеми во последно време им се обрнува посебно внимание, особено во врска со наставата на читање и пишување и со визуелната перцепција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Големите сили не го ценеа многу Стојан, но не му правеа некои посериозни проблеми во владеењето.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Имаше проблеми во средното училиште, каде што не помина баш најдобро...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се разбира, има сериозни етички проблеми во врска со употребата на симулацијата во Заливската војна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ме праша да не сум направил нека­ков проблем во училиштето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Џ. иако вљубено го слуша, не може да го избегне внатрешниот глас кој се запалува на зборот „сон“: - За успешното решавање на сегашните тешкотии и проблеми во производството на соништа од големо значење е и заострувањето на одговорноста на сонувачите и одговореното и успешно ракување со средствата за производство на соништа.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Реков: глобално сум упатен во случајов што го снајде нашиов Уред , но имам проблеми во врска со поединостите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Внимавај, те молам, ќе ми прават проблем во редакцијата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ајде, те чекам. Во вторник. Немој случајно подоцна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој механизам ги решаваше сите проблеми во врска со нашето будење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Наутро пијам пиво, напладне ракија, а навечер вино - објасни Борис Стојчев игнорирајќи го, како воопшто и да не го бев спомнал мојот проблем во врска со симидите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа не значи дека постојат некои проблеми во нашето заедничко минување низ времето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Посакав да ѝ го речам тоа, но нели, пред да сторам било што, требаше да ја замолам да се наведне за да ѝ ја дофрлам мојата намера во увото, но тоа се чинеше незгодно поради испитувачките погледи што го следеа моето однесување, а постоеше и оној личен проблем во моите мисли, што постојано го мотав и размотував, во него беше присутна Катерина; нели, таа секогаш ми идеше на ум иако преку некоја взаемна согласност ние практикувавме необврзувачка меѓусебна припадност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За жал мал беше бројот на таквите решенија што им помагаа на секидневните потреби и што управуваа со нашите инстикти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не постои ништо особено во него.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знаеш доста луѓе што земаат доуп, дури и се обиде, со пар луѓе, да направите нешто ко друштво за заштита на наркомани и наркофили.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак колективната работа е она што ме возбудува. M Кажи ми нешто за тој хероински проблем во градов.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нуклеарните проблеми во психијатријата, со кои сите психијатри се соочуваат секојдневно, коишто го јадосуваат секого којшто Margina #21 [1995] | okno.mk 55 размислува за нив, сите се собрани во овој случај.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Жилберт&Џорџ: Тоа е класен проблем во оваа земја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јапонски дизајнери ни телефонираат од Токио и нѐ прашуваат која ќе биде бојата на следната година.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сите поголеми проблеми во нашата со-човечка-рака-создадена средина ја покажуваат неспособноста на проектантите и на другите професии да го спознаат значењето на перцептивните и психичките проблеми на другите луѓе, и нивните ефекти врз однесувањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Покрај овој проблем во зборувањето, „р“-то не го артикулираше, туку го ’рчеше, сите вокали ѝ беа проговорени како да има кнедла заглавена во грлото, а не се ни познаваше дали вели „д“ или „ѕ“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
в) Како клучен еколошки проблем во Кочани претседателот го наведе проблемот за квалитетна вода за пиење, за што повеќе може да се разбере во Водостопанството „Брегалница“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тие сметале дека во случај ако таа информација да излезе во јавноста би имале големи проблеми во објаснувањето пред Југословенската и Грчката влада за британската акција за "употребата на Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено дека Британците не можеле толку лесно да се ослободат од идејата за ангажирање на Македонците за свои цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Татичко – му се пожалив – тажна сум без бато. – Кога ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бреза – строго ме погледна тетка ми Оце – ќе те убијам ако ја заплашуваш, да знаеш, лошо ќе биде за сите, оти Дена ќе прави проблеми во Маврово ако почне да се плаши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кој му е крив ако има проблеми во гимназијата?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Те предупредувам и сериозна сум, да знаеш, внимавај што раскажуваш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моите проблеми во тој момент беа токму такви и никој жив не можеше да ги отстрани, но татко ми ми се обрати многу нежно кога ме праша што ми е, и седна до мене со намера да открие, а не само онака, да праша и да си замине како што понекогаш прави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)