проблем (имн.) - му (зам.)

Додатен проблем му причинуваше и најавата за носење закон за неженети со што Трпе покрај сите пиздарии ќе требаше да ѝ плаќа уште и данок на државата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се разбира, ќе се соочи со низа проблеми, но првиот примарен проблем му беше: каква форма да им даде на многу зборови кои требаше да ги позајми од латинскиот, старогрчкиот и германскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едо, се разбира, не престанал да го има на ум Едо Бранов од Сан Диего, но сега нему проблем му е следниот Едо, Едо Бранов од Битола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)