проблем (имн.) - го (зам.)

Навистина, нејзините методолошки препораки во нејзината примена на овие проблеми го илустрираат банкротираниот карактер на машко-центричната мисла за овие општи места.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прво сакал веднаш по бродоломот крај чамецот да заплива неговиот труп, но се исплашил од водата (идејата ја искористил во рекламата за Frenzy, кадешто по Темза плива неговиот труп, но тука е секако заменет со кукла), и затоа проблемот го решил така што до чамецот од остатоците од бродот стигнува весник, во којшто меѓу другото има и реклама за брзо слабеење, со вообичаената слика на дебел маж „пред” и на истиот, но ослабен маж „по” (диетата за слабеење) (весникот има и дополнителна драмска функција: со вестите за германските потопувања на бродови да внесе додатна напнатост и страв меѓу бродоломците).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овој факт, интересот што за проблемот го покажувале големите сили и посебно усогласената интервенција на руските и австроунгарските пратеници, како и тешкотиите што ги создал толкавиот голем број затвореници, ги принудиле турските власти да ослободат поголем број од уапсените.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Проблемот го решил Орце. Тој побарал од Мерџанов во Цариград да му испрати некое момче кое го знае турскиот или грчкиот јазик, но не и нашиот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да претпоставиме за момент дека овој проблем го имаме решено.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
XX По исчезнувањето на Чанга заедно со козите татко ми го мачеа големи размисли. Проблемот го мачеше на личен и општ план.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Проблемот го откриваат со сета грдотија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)