пријател (имн.) - дека (сврз.)

За да ги убеди своите пријатели дека актерката ја заслужува неговата љубов, ги кани во театарот за да ја видат во улогата на младата Јулија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Татко го потсетуваше својот пријател дека османскотурските зборови прелеани во балканските јазици се главно именки, речиси без глаголски облици, или падежни синтагми, односно реченичнотворни елементи, кои се главен услов за комуникација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но и тој им се доверуваше на своите двајца пријатели дека на крајот на краиштата не би можел да гарантира каков ќе биде во играта и во однесувањето газдата на арабаџиите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му пишувал на својот пријател дека власта што се освојува никогаш доброволно не се напушта, по било која цена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но кажи им на твоите пријатели дека заминувам лут“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Да бе пеер, вчера слушнав од пријател дека за две кила ракија на капија моеш да протнеш шо сакаш унутра.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)