Брат ми веќе не излегуваше да прошета со мене, ниту пак играше надвор со своите врсници, затоа што им беа поминати годините на игрите; неговите пријатели понекогаш доаѓаа во неговото сопче, а кога тој излегуваше да посети некого од нив, мама доаѓаше кај мене и велеше: “Денес е убав ден,” ги поттурнуваше завесите и го пушташе сонцето да влезе во собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Полека почнав да излегувам од дома со мама – одевме на пазар, или кај татко ми во продавницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)