Најсилното оружје на неговиот бележан пријател напред беше тој огромен, недоодлив простор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, не тоа можеше да биде помислено за секој од сите оние поранешни самјаци, што ги имаше ловено тој, само не и за неговиот пријател напред. Беа само негови соништа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На многу места по снегот веќе немаше ни капка крв, но затоа пак неколку десетини чекори потаму тој беше целиот натопен од некое густо крваво избликување, и Змејко знаеше дека неговиот пријател напред застанал тука во својата разоденост да си ја излади раната и да здивне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)