Тој губеше еден од големите пријатели во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
ДВЕ многу добри, дури неразделни, пријателки во Франција станале до смрт непријателки само поради смртта на едно куче.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За да се одмориме од патот влеговме со мојот пријател во познатиот париски ресторан и кафеана „Кај двајцата Магота“ која е стара стотина години а која беше преполна со гости.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Митрополитот одмавна со раката и се насмевна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Можеби дури и од некој од Вашите пријатели во Берлин”, додаде интригантно Беренц. „Можеби”, рече расположено владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Училиштето го напушти и седи кај некоја пријателка во селото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И така немаме некои пријатели во Орле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ами кај ќе одите на конак, имате ли некој пријател в село?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Седиме со шпанските пријатели во бавчата на Старата Куќа и си ја ладиме душата раскажувајќи дамнешни преживеалици, барајќи лоши стихови во песните на некои наши колеги или мајчосувајќи му ја мајката на современиот тероризам и верски фундаментализам.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Мојата генерација тогаш првпат виде во живо што значело секоја ноќ да ти бучат авиони во сонот и уште што значи да не ти се затвораат клепките од неизвесноста на судбината на блиските пријатели во соседството.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Неговите пријатели во Архивот, како да сакаа, сите здружено, еднодушно, да му дадат морална поддршка, во замена за сето она што му беше грубо одземено од Мирон Донски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тогаш, толкувањето на сиџилите, ги одведе двајцата балкански пријатели во размислувања и во разговор за потрагата по генезата, по смислата и по последиците на религиозните и на другите конверзии на Балканот и во Европа, во историјата на човештвото.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Мора да било чудно пријателство, а со оглед на тоа што Бергман се специјализирал во сликање крави, сигурно делеле многу малку заеднички интереси.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Како и да било, Дишан агилно се трудел да му го покаже на својот нов германски пријател “La vraie vie parissienne”, и дознаваме дека една вечер Дишан го одвел својот пријател во еден бордел на Пигал, кварт и ден денес прочуен по своите црвени светла.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Врховна мудрост е сопствениот љубовен живот свесно да го живееш како мелодрама – сосема да сфатиш (иако не мора тоа да биде322 експлицитно) дека мелодрамата значи и деградиран жанр на книжевен дискурс и унедостоен прагматичен жанр на емоционално изразување: презрен, феминизиран, смешен, тривијален стил на изразување на сопствените чувства.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Написот на Скот Џејмс е, всушност, многу информативен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Последнава забелешка, патем, нема за цел да им спушти на оние меѓу нас што одат по бањите, по сопчињата и по секс-клубовите; таа треба само да потсети за што тоа, всушност, служат тие машки геј-институции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па зошто, тогаш, и натаму се самоубиваат кога се аутираат?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е некакво чудо што пријателине во Бостон можеле да изградат траен содружнички живот, додека геј-бањите, сопчињата, секс-клубовите и страниците за мување на интернет цутат од трговијата со геј-романтичарите, кои си ги претпочитаат сопствените илузии, сопствените мечти за љубовта, а не некакви вистински луѓе – луѓе кои, на крајот на краиштата, не можат да им ги одржуваат тие илузии, барем не многу долго.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да ги проѕреш сопствените еротски илузии без да го лишиш предметот на својата љубов од достојноста да биде љубен, да се одречеш од следувањето почит додека и понатаму ја бараш почитта, да љубиш и да бидеш љубен без да внесуваш во својата љубов достоинство: ова е можноста што традиционалната машка геј-култура им ја нуди на своите приврзаници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еве и јас барам врска – само треба да имам секс со илјадници мажи за да ја најдам баш врската што навистина ја сакам.
Сигурно, општествените и политичките услови на геј-живеењето во изминативе педесет години се менувале мошне брзо, а со нив се менувала и геј-културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сигурно, написот не кажува многу-многу за тоа што навистина прават на Грajндeр над 25 000 геј-момци во Сан Франциско. (Ако, како што некој корисник на Грajндeр му рекол на еден друг новинар, го користиш Грajндeр првенствено за пријателства, ако само се вмрежуваш, „ако си таму само за да најдеш пријатели во несексуален контекст, што има да бидеш без маица на сликата?)“432 Но, многу говори за општествениот притисок што ги тера двене третини од тие момчиња да одрекуваат дека го користат Грajндeр за сексуални споеви.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Делејќи им ги статиите, за цело време се плашев да не треба да се изложам на посебни напори, то ест да ги претворам моите пријатели во идиоти за да сфатат дека без објавувањето на делата на некои автори ќе биде многу тешко да се открие душата на нашиот народ, да се оформи свеста за тоа кој сме, а уште помалку за тоа каде зјапале 100-те академици, писатели и научници додека ги составувале списоците.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Би можеле да помислат дека се кревате на големо, дека сакате да изигрувате човек со врски, со лични пријатели во Централниот комитет.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
За време на социјализмот и Златен Тито, да имаш пријател во маалското продавниче беше исто како денес Бранко Црвенковски да ти е втор братучед.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Седевме во темница, па Дипен потстана со мисла да ја запали ламбата, но повторно седна без да го стори тоа, откако Г. рече дека е дојден да се посоветува со нас, или, поточно, да побара мислење од мојот пријател во врска со некоја службена работа што предизвикувала големи неволи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Оттогаш имам пријатели во милицијата, во судовите.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бегај секогаш среќен на некоја планета.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Пупи Паф. Врати се со твоите нови пријатели во Шумшул- град и потоа, откако ќе ја прославите победата, Побрзај кон Пупифанија.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тоа Камилски прв пат плачеше пред Татко, неговиот најблизок пријател во тие години, братот по судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Само, одвреме-навреме, ако се земе тоа за порок, играше покер со своите најверни пријатели во градот, верскиот муслимански поглавар Афз Б, угледниот турски интелектуалец и учесник во војната Мустафа С, во еден период министер за земјоделство во првата повоена влада на Народна Република Македонија, како припадник на турското малцинство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имав еден пријател во Париз, учен човек, научник, автор на многу книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не се станува лесно пријател во животот и играта како што беа тројцата еден за друг.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски беше пречекан како редок и драгоцен пријател во книжарницата, како нејзин ветеран.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко не сакаше да го наведува својот пријател да ги отвора длабоките рани во душата од кодошкото време на Голи Оток, но тоа беше за него и еден вид исцелување на големата болка пред верниот пријател во животот: Во животот засекогаш се уверив од искуството на Голи Оток дека нема поголем човеков грев од кодошењето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
III Татко ниту во најоптимистичките варијанти не можел да си претпостави дека балканскиот покер ќе му го донесе, можеби, најдобриот, најблизок и најверен пријател во животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во “cyberwear” облечено лице, коешто има пристап до инфобанките, може веднаш од некоја инфобанка да 84 Margina #17-18 [1995] | okno.mk бара икони, коишто претставуваат петгодишно момче, како од палма паѓа во базен, и да им ги прати на пет пријатели во пет држави, коишто преку екранот присуствуваат на некоја coctail party во “cyber-reality”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но сѐ што чинеа тие, беше безуспешно, зашто тој пак се снаоѓаше: одеше кај пријателите во селото и ги молеше да му дадат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
XVI И тројцата пријатели во тмурната балканска ноќ го споделуваа заедничкиот утописки сон: што ќе се случи со јагулите, кутрите јагули, ако сталинизмот вистински ги допре бреговите на Езерото, ако се всели во душите на луѓето?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со благиот поглед, од кој секогаш зрачеше тивка енергичност, рече: - Сестро Воскресија, нашата куќа е и ваша, а вашите пријатели в куќи, се и наши...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тројцата пријатели во тивката ноќ, која сѐ повеќе длабеше и се чинеше дека нема никогаш да заврши, не сетија дека многу се оддалечија од јагулите, од темата за која беа собрани.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Јас имам еден пријател во Струга.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Фројд заклучува дека „би било незамисливо... човек да го користи името на својот најверен пријател во животинскиот свет - песот - како пцост, да не постоеја двете особини кои го навлекоа презирот кон тоа животно: станува збор за животно коешто има доминантно сетило за мирис, коешто нема страв од измет и не се срами од своите сексуални функции.”**** **** Sigmund Freud, Civilization and its discontents. 14 okno.mk Наспроти животното, човечкото суштество, со својот исправен од, не ја губи само способноста за душкање, туку и можноста за анимална копулација.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Всушност може да се рече дека јас и мојот млад пријател во овој момент поминуваме низ светлини што одамна згаснале.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Следниот ден изјави дека не сака да живее со такво неблагодарно ѓубре туку со својата верна пријателка во домот "Златна роза".
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Толку вешто што и самиот се зачуди на својата снаодливост - ја покани утредента заедно да ги прават колачињата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ми ги даде сите можни упатства, препораките до своите блиски и влијателни пријатели во куќата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Значи, во оваа индустриска зона која се протега на неколку хектари се сместени магацини, фабрики, гаражи и претпријатија од секаков вид, како и една печатница каде што работи една моја пријателка во службата за експедиција и која е експерt во правење пакети. & реков:
Те молам спакувај ми ги овие работи да стиgнат неоштетени, и покрај незгодите што би можело да ги има на граница (од овде се мисли дека с е можно.)
И покрај тоа што таа секој ден не е во допир со ароматичните состави кои ги става во картонски пакет, подготвувањето на овој пакет посебно ја забавуваше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Можете ли сопствената работа да ја гледате како духовна документација на реалноста која исчезна?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со моите пријатели во Русија, претпоставувавме, и се надевавме дека и на Запад постојат некои нормални луѓе, слични на нас.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Само езерските бранови, старите семејни бранови, ми беа единствените пријатели во просторот, само тие ме водеа кон среќните архипелази на некогашното постоење на овие простори.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Првите литературни обиди на Борхес и охрабрувања од татко му.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го пишува првиот расказ под влијание на Сервантес и на англиски составил еден текст за античката митологија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На четврти март е родена Нора, сестрата на Борхес, неговиот најдобар пријател во детството и иден сликар. 1905.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Семејството се сели во Палермо, северното предградие на Буенос Аирес. 1906.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Французот, со надеж дека ќе издржи, почна на својот колега да му раскажува за доживувањето на некој свој пријател во Антиб.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А Сврделот, не само што го подмирувал партизанскиот одред со сè што му треба туку ќе собере повеќе леб, сирење, облека и други работи и утредента, преку своите луѓе, преку тој Војнета и неговите пријатели во Ливаѓе, отповеќето што ќе го собереле по селата, ќе им го продаделе нешто на луѓето по селата и повеќето овде во Битола бидејќи по градовите тогаш се гладуваше за корка леб, а тој за возврат, за храната лесно добивал добри пари дури и од изгладнетите италијански војници.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)