пријател (имн.) - го (зам.)

Роднините и вистинските пријатели го дочекаа Ѓура искрено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
При своето повторно одење на Black Mountain колеџот, Кејџ со Роберт Раушенберг, Марс Канингем, Дејвид Тјудор, Пол Вилијамс, М. С. Ричардс и со уште неколкумина пријатели го организираше својот прв хепенинг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсуството на секој вид ригорозност и академски стандард, чувството на полна предавачка слобода (еден од курсевите за нова музика имаше за тема идентификација на печурките) му овозможи на Кејџ истовремено и да учи од своите ученици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Прифаќањето на ваквите појдовни точки и заклучоци можеби не би било можно кога не би биле свесни дека Кејџ своите ставови секогаш ги изнесуваше со свест дека ги изнесува своите ставови и кога не би ја имале во предвид познатата забелешка на Костеланец дека “во Америка, за разлика од поголемиот број европски културни средини, не постои утврден пат за постигнување на интелектуален и уметнички успех, еден единствен културен естаблишмент кон кој младиот и амбициозен човек ќе може да се насочи, нема одредена публика која донесува конечен суд, институции кои издаваат конечна потврда за успехот, признание или награда која ужива општо почитување“. 174 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само јас и неколкумина мои пријатели го сметавме за таков.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кај заедничката пријателка го затекна уште неколкупати, на кафе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа го снемало. Неговите некогашни пријатели го напикале во зандани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се побратимиле. Ако не си знаел, Турчинот отишол кај поп да се покрстува. Сакал да се вика Григор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пријателот го подигна на раце и тие заедно почнаа да берат цреши во една чинија.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Пријателот го фати за рака и тие двајцата отидоа зад куќата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јас се вџашив. – Се шегуваш! – Тоа сите го знаат. Й припаѓала на Ксенија Калопер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мојот пријател го кажа приближниот износ од којшто ми се сврти во главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)