За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 Во однос на првата промена на ЗПЗСО од мај 2009 година заслужува да се спомне одредбата дека и Фондот за здравствено осигурување стана обврзник за пресметка и уплата на придонеси за невработените лица кои примаат паричен надоместок во случај на невработеност и за невработените лица кои активно бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување, а немаат друга основа на осигурување (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Прво, воведен е пократок рок за пријавување во Заводот за вработување за лицата кои остваруваат право на паричен надоместок и право на здравствена заштита во однос на останатите невработени лица што се пријавени во Заводот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)