Татко, во своите песимистички варијанти за Балканот, во својата незавршена Историја низ падовите на империите, тврдеше дека митот на балканските граници ќе живее најдолго, а причина ќе биде синдромот на асмата, на изолираноста, кои остануваа најсилно изразени кај неговиот албански народ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сепак, најстрашно беше кога ќе запенавеше, кога без никаква причина ќе се разбеснеше и ќе фатеше некое дете да дави.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јас се чудам. - Не се чуди, - ми вели тој. – Ако ние ги закопаме сабјите, каква причина ќе имаш ти да основаш Форум за човечки права и толку да пишуваат за тебе весниците по светот!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)