Тој тоа го вршеше умешно, брзо и ефикасно, што беше последица на здобиеното искуство во откривањето на најкарактеристичните османскотурски заемки за натамошна обработка според почетната замисла, но и измените до кои дојдоа во текот на работата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа Камилски го претстави изборот на приоритетните турцизми според меѓусебниот договор, запирајќи на потеклото, на поранешната и сегашната присутност во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не би бил јас, ако не прашав за даските живот што значат и нивната присутност во културната атмосфера во градовите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Врколачки ме опсервираше жолтеникава присутност во овој мрак што требаше да ме сокрие мене или барем моите намери, чија болскотливост се закануваше да привлече сечие внимание.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)