Овој заобиколен пристап можеби изгледа дигресиски, но, всушност, е осмислен степенесто да прираснува и да биде кумулативен: се стреми, чекор по чекор и врз основа на низа меѓусебно поврзани согледби, да конструира кохерентен и, најпосле, систематски опис на машката хомосексуалност како културна практика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност, подобро би било да се искористат пронигбите што ни ги нудат различните толкувања за да дојдеме до согледба за машката геј-култура која е истовремено издржана, инклузивна, многуопфатна, недогматска и отворена за различните гледишта.
Ајде, тогаш, да се навратиме на филмовине и да поразгледаме некои психолошки и тематски хипотези за нивната привлечност, пред да преминеме на општествена, прагматична и, нужно, формална анализа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)