Со бродот стигнавме до пристаништето Батум, а оттука преку Кавказ за Баку, пристаниште во Касписко Море.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А противсоништата како што се знае Не се соништа ја биле со петокраки ја со крстови Сигурно затоа новите асолни сонувачи Јас сакам да ги честам со сок од еукалиптус Во кафулето Ленин на пристаништето во Сиднеј А вие сетики си спомнувате Дека Ленин беше тој што велеше Индустријализација плус Електрификација плус Организација Рамно на голем сон од петокраки И не туку така се вели дека баш Ленин Прв на јаве почнал да дава бесплатни часови По продолжено мижење А секој што барем малку е при себе Знае дека се што е бесплатно Отпосле се плаќа најмалку десетпати над цената.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
И така со нашите камиони во пристаништето во Драч прво ги пренесовме ранетите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во улиците го нема она довикување по муштериите, а колку се оди кон пристаништето, нечистотијата и правот се зголемуваат, како и во секое пристаниште во светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Потоа дојде наредба од сите болници во Корча, Елбасан, Тирана и тие од Сукт чии рани се уште беа отворени, со камиони да ги пренесеме во пристаништето во Драч.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тука Стојна пресече и натаму раскажувањето го презеде Лена: - Во пристаништето во Драч беше пренесена и нашата, разоружената војска и таму чекавме се додека амбарите на руските бродови не ги преуредија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На 25 јули бродот се укотви во пристаништето во Швиноујшче.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)