Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ќе ни пристигне утре - на полноќ, а утре претпладне ќе имаме приредба ќе имаме приредба во училиштето, ама само за нас, бабичке, ние сите првачиња, сме снегулки - во Новогодишната бајка, а Влатко свири во оркестарот...“ сè така нешто зборуваше, додека не заспа во скутот на баба си, а тато Петре ја крена и ја однесе во спалната.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)