Согласно ЗВ од 1987 година, ако за одредено работно место се јавиле повеќе кандидати, се утврдуваше приоритет при вработувањето 70 врз основа на критериумите како време на чекање (50% од бодовите), успехот во школувањето (20%), социјално-економската состојба на невработеното лице (15%) и други критериуми како здравствената состојба на членовите на потесното семејство, бројот на издржувачите во потесното семејство, годините на старост на лицето и други.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
62 Во периодот до 2010 година дојде до намалување на правата на странските работници во следниве сегменти: беа воведени квоти за работни дозволи за засновање на работен однос со странец; се ограничи правото странските работници сами да поднесат барање за засновање на работен однос; беа утврдени приоритети при издавањето на работните дозволи, а дојде и до значително намалување на казните кои ги предвидува овој закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Петнаесет години подоцна, при носењето на новиот ЗРО (2005), одредбата која предвидуваше дека работник на кој му престанал работниот однос поради деловни причини, има право на приоритет при вработувањето кај работодавецот, доколку овој има потреба од работник со иста стручна подготовка – но, сега, само во периодот од две години (чл. 142, ЗРО/03 – Пречистен текст), беше заменета со уште построга формулација: „Ако работодавачот го откаже договорот за работа поради деловни причини, тој не може, на истите работи со иста стручна подготовка и занимање, да вработи друг работник – во рок од една година од денот на престанокот на работниот однос“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај тоа, во постапката за обезбедување работник преку Заводот за вработување, предвидено е Заводот, наместо да се раководи од критериумите за приоритет при вработувањето, да упати кај работодавец до пет кандидати избрани врз основа на критериумите: образование, квалификација, работно искуство, други посебни знаења (познавање на странски јазик), спремност за прифаќање на вработување со обука, преквалификација или доквалификација, услови за работа, место на работа, траење на работниот однос и посебна опрема со кое невработеното лице работело и ќе работи (чл. 34-37, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)