Вон тие ѕидови, на чистинката опкружена со шумичка, на камениот пиедестал истрошен од времето една фаунска прилика се клешти меѓу зеленилото. Тоа е голиот Пријап.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од почетокот на транзицијата, правата на работниците кои по силата на приликите се невработени во дадениот момент со промените на овој закон претрпеа сериозни намалувања, особено во поглед на остварувањето на правото на паричен надоместок во случај на невработеност: додадени се нови ограничувања кои го оневозможуваат стекнувањето на ова право и го олеснуваат неговото престанување, утврдена а подоцна и намалена е горната граница на висината на паричниот надоместок и, најважно, дојде до повеќекратно и драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Италијанецот слушајќи го игуменот, одвреме навреме се вртеше зад себе и се загледуваше кон ќошињата од црквата: забележуваше како некоја човечка прилика се прикрадува зад нив и ги следи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)