прилив (имн.) - на (предл.)

236 Во текот на припремите за операцијата Хелиум поради недостаток од оружје и воена опрема, а како резултат на големиот прилив на нови борци, било одлучено од страна на мисијата Spike “сите пратки од оружје и муниција за Македонија ќе одат за Brasenose кој има три илјади невооружени повторувам невооружени луѓе.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Софија нема толку хотели за да може да прифати толку голем прилив на гости и туристи од земјата и од странство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На грб, со отворени очи кон таванот кој сѐ уште поигрува во приливот на спарувањето, Ана, со топло поточе сперма меѓу нозете, му се насмевнува на својот драг, задишан фудбалер: „кога би ми бил брат... “.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие успеси овозможиле во најголем дел од градовите и селата да се формираат органи на новата народна власт (народно ослободителни одбори).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По завршувањето на офанзивата и по неуспехот на непријателот во остварувањето на неговите цели, дошло до зголемување на слободната територија и прилив на нови борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во очите ѝ надоаѓаше модрикав прилив на зачуденост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му се стори, нејзиното рамо потрпнува во прилив на неречени желби. Што можеше тој?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во приливот на шепотот на млаките бранови на ветрот носеа до него чудни зборови само по звук оформени во протест и бунт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По 1919 г. карактерот на населението се промени со преместување на муслиманите кои зборуваат турски и најголем дел на Бугари и со прилив на огромен број грчки бегалци, грчка Македонија во 1938 доминантно беше населена со Грци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вековниот грчки карактер на брегот и успехот на Грција со помош на Друштвото на народите во населувањето Грци од Мала Азија во областа ѝ даваат на Грција неспорно силни права за нејзиниот дел од Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мртовчето седна во центарот на кругот; отсекаде гледаа пријатели. Одеднаш запеа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Устата му се чепотеше до ушите, откривајќи ги нималку детските челусти; и беше чудно што лешот има толку подвижна, жизнерадосна уста; клемпавите уши му се зацрвенија од приливот на претходно исцицаната крв; лиценцето го беше подигнал угоре, кон Бога; неживите очиња ги затвори и пееше внимателно, со труд, дури мртвите жили на вратот му отекоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе ја натерам да се врати, мислел, зашто немал каде да ја води; таа, со спокојно и некакво чудно безживотно лице од работилница на мајстор што од румен восок може да измеси млада светица, го чекала задуван и зол како човек што е осуден да се соочува на секој чекор со призракот на својата необична младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но смекнувал, во него надоаѓал прилив на позната растревоженост. Се чувствувал виновен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Законот од 2007 предвиде и можност Владата да ги намалува и менува квотите за вработување и работа на странци по региони, области, компании и работни места и да поставува ограничувања и забрани на приливот на нови странски работници во целост или во одредени општини, ако постојат добро основани причини дека ова е од јавен интерес или општ комерцијален интерес (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
 1 Ваквата состојба на духот овозможи странските инвеститори да стекнат речиси мисионерски имиџ – од нив се очекува да нѐ избават од кризата, овозможувајќи прилив на капитал врз основа на кој економијата потоа ќе фати залет.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)