прикаска (имн.) - од (предл.)

Со години луѓето на Кукулино го прераскажувале настанот на тој ден; внуците дочекувале внуци и се сеќавале на прикаските од детството: пред жените во црно одела со тврди чекори игуменијата Минадора во арамиски објала и со неголемо знаме - златен и збрчкан лик на модро платно со црвени рабови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немаше обичај да ги објаснува своите прашања како Марко Марикин и не ги сакаше прикаските од стари времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник клекна до мене. „Тој е зад ридон, така ли е?“ По белегот на лицето му се лизгаше жолтеникава шурка сонце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така се разнесе по куќите прикаска од безброј парчиња, без почеток и без крај, без смисла, како и обично што се случува во такви прилики, една доверливост што минува од човек на човек, за задграничната дејност на Марко Проказник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Раскажи ми твој’т помин, јадове и глоби, милвам ја да слушам, бабо прикаски од баби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)