прикаска (имн.) - има (гл.)

Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мариово, пред двесте триста години било етимско ничие; друга прикаска имаше: како тоа било хасчифлик лично на султанот, кој го подарил на својата султанија Мара — Кола Марија — и оваа ги ослободила мариовците од секакви даноци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бегал гладен, бегал жеден секој, не е момчак еден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И еден ден идат некакви Турци трговци од Битола во Лисиче и од осум куќи село, купуваат седумдесет волови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тој, како и јас понекогаш, веруваше дека прикаските имаат магиска моќ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)