Тоа за кулата и за Далиборка е народна приказна која секој прашки граѓанин со специјален пиетет ја прераскажува, како и за народниот пејач што ја испејал „Старата песна“ која пее за љубовта...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Опчинет од тајните на срцевите лавиринти и непредвидливост на приказните кои се оплодуваат во потрага по излезот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Приказните кои луѓето ги живеат се ретко, ако воопшто, “радикално” конструирани - суштината не е во тоа тие да произлезат, така да кажам, “од тагата”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Детерминираност Кое е потеклото на овие нарации или приказни кои се конститутивен дел на животот на индивидуата?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ако претпоставиме дека постои идентичност помеѓу структурата на текстот и структурата на нарациите или приказните коишто индивидуите ги живеат, и ако прифатиме дека е во наш интерес да ги градиме нашите животи преку нарации, тогаш би можеле да ги разгледаме деталите за тоа како индивидуите ги живеат своите животи преку нивото на акција и нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Рада и овојпат без заобиколување му ја раскажа на Никодин приказната која веќе ѝ беше позната на Светлана за малтретирањата, понижувањата, крвавите ноќи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Самото тоа може да биде доволно приказни кои ги проблемот спонтано да се реши, доколку дотогаш не постоела можност за создавање на таков дијалогичен контекст.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ние сѐ помалку го живееме животот, а сѐ повеќе живееме во приказни кои треба да го надополнат празното.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
За сите тие приказни кои ти внимателно ги регистрираш, за тоа некакво урбано јадро на Скопје скриено тука некаде, можеби во каналот што ја сече чаршијата, јадро од верска толеранција, респект кон муштериите, почит и трговија...
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Приказната која следи е обична: бикот го отепал командирот на милиционерската станица, поради кое и нему треба да му се пресуди, со куршум во чело.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Безброј пати ја, повторив својата приказна кој сум и од каде дојдов, сѐ до утрото кога ме ослободија и пратија човек да ме следи до бренчот на Сити банк.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Отец Кирил се посомневал дека слепецот од Кападокија е измамник, и дека знае само една и иста приказна која ја кажува секогаш, без разлика какво слово и со какво писмо е забележано на штичката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Имаше една приказна која кажуваше како Волчарот голорак се фатил со некоја разјарена волчица, а во вистинска ѕверска борба, сиот испокасан, раскрвавен, успеал да ја задави.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Благодарејќи им на карипските обивачи го изгубив својот дневник на некакви пост-марокански патувања и подоцна го пронајдов, од сите неверојатни места, на дното на џакузито крај плажата, но и тоа е приказна која треба да се бара во некој друг некогаш одамна, а не во овој; исто како и приказната за губењето на мојата омилена капа, една баскиска беретка, во застрашувачкиот Тахо де Ронда во Андалузија, и за нејзиното подоцнежно неверојатно враќање. 72 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кога бев мал, ги сакав зашто за нив се врзуваа многу приказни кои обично, на домашните посети, си ги раскажуваа постарите палејќи ги, по скромните вечери, цигарите, додека по дневната соба се ширеше аромата на минатото што мирисаше на тутун и свежо свареното кафе, кое мајка ми го изнесуваше на стариот посребрен послужавник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Знаете, тоа беше семејна мелодрама, вонбрачно дете, и брат и судија - една од оние приказни кои се полни со коинциденции - братот случајно е адвокат, а сиротата девојка води љубов со рибарот, итн”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ми паѓаат на ум неколку приказни кои би сакал да ги вметнам (на ист начин, патем речено, како и кога го пишував ова што сега го зборувам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Потоа татко ми постојано ме караше и ми кажуваше приказни кои ниту ги прочитал, ниту ги чул од други.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Минатото е приказна што ја памтиме
приказната која нѐ обележала.
Историјата зборува на јазикот
на предизвикот -
сѐ она кое ја избегнало
судбината
на баналното.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Да победеше Куско, би можеле да речеме, парафразирајќи го Борхес, приказните кои се само додатоци во Кралските коментари ќе се појавуваа во канонски книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Слична ситуација се покажува кај писатели какви што се Карпентјер, Борхес, и други на кои шпанскиот не им бил прв јазик и чиишто дела се составени од одломки и коментари на средишната традиција, наводно западна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)