прикажување (имн.) - на (предл.)

XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така Татко во новата серија турцизми (гурбет, сургун, гајрет, гајле и беља), предност му даде на зборот гурбет, со потекло од турскиот збор kurbet (а тој од арапскиот збор gurbgurbet), присутен речиси во сите балкански јазици со ист корен, а со мали модификации, со широка гама значења: живот и талкање по туѓина, заминување во на печалба, осамен живот во туѓина, егзил...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исто така, посебно место е посветено на јакнењето на Народноослободителното движење во текот на 1942 и 1943 година, и покрај фактот што против него биле преземени пет непријателски офанзиви.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Партизан“ го нарекоа киното кое се прочу не толку по прикажувањето на советските воени филмови, туку по тоа што тука Захаријадис од сите источни земји собра свои поклоници и ја формира народно – ослободителната и револуционерна организација на Славомакедонците и ја нарече ИЛИНДЕН.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во неа биле опфатени, по хронолошки редослед, сите настани што се случувале на територијата на Југославија, од 27-мартовските настани, преку шестоаприлскиот напад и капитулацијата на Кралството Југославија, до прикажувањето на раководната улога на Комунистичката партија на Југославија во организирањето на НОД, како и неуспешните преговори со генералот Дража Михаиловиќ и почетокот на неговата соработка со силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дел од тие совети ние децата ќе штрбневме кога влегувавме во кујната по чаша млеко пред спиење, правејќи се дека не слушаме, додека тие двете, занесени во прикажувањето на мајка ми, ќе продолжеа со спокојниот ритуал на пренесувањето на бескрајните примери и тајни од семожните животни искуства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Политичката креација за уметникот е дејност оптоварена со компромиси, лажни ветувања, лажно прикажување на фактите, сомнително делување на план на моралот, лажно претставување на себе си, лажно претставување на опонентите, отсуство на себеиспитување, отсуство на испитување на светот, недостаток на философичност, отсуство на метафизичко промислување, сѐ заедно една голема индивидуална и колективна егоцентричност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во „Мртвата природа со мандолина“ Ботеро го пронаоѓа својот сопствен начин на прикажување на телото. 1957 Уметникот има изложби во Вашингтон и во Богота.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)