Тој беше свидетел кога протуѓерот во придружба на гавазот му го зеде бакарот на Степана Луов, до последното котле, во кое им вареше на децата бакраданик; кога на Митрета Пожарков му ги собра искинатите покровчиња со кои си ги покриваше шесте мали дечиња; на Севдиќевци им ја црпна и последната ока брашно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Третиот ден, уште на ранина, уште неосвестени од она што се случило ноќта, придружбата на мојот прапрапрадедо, неговите слуги и камилари биле исечени од сабјите на ајдутите, така што немале време ни да офнат ни да залелекаат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја пушташ водата, а тоа цревцето како змија се извива и го бркаш низ бањата, па си принуден млазот да го намалиш на минимум и, по принцип капка по капка, да се тушираш, нормално со придружбата на Мара.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но рече и дека не е во ред така две млади девојки сами без придружба на корзо да се шетаат навечер, па затоа ќе ги отпрати назад.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Бродвејскиот мјузикл, така, ги научил своите протогеј-зналци дека нивната восприемчивост за гејството на тој жанр можат да ја изразат само под услов на сопствена изолираност и скришност.
[Ниедно момче] никогаш не било толку надвладеано од својата страст [кон бродвејскиот мјузикл] за да заборави да води сметка за тајноста во која уживало во него, а ако и заборавело, ако некогаш... нешто, ете, случајно доволно му го одвлекло вниманието, па да заборавело да ги превлече завесите пред својот настап [односно кога пеело и танцувало на албумите од првата бродвејска постава], поради што другите маалски момчиња успеале да го фатат на дело како сочувствително трепери со нумерите што ниту тоа ниту тие никогаш не ги гледале, бргу сфатило – и тоа предоцна – дека чувството на срам му било дадено, како и нагонот за повраќање во грлото, да му биде опомена да се варди од општественото понижување што, сигурно, ќе настапи ако некогаш му падне на памет да биде толку шашлив оптимист, што да го пренебрегне. (11)
Практиката да се слуша и да се пее во придружба на снимки од бродвејски мјузикли ги научила оние што уживале во тоа една претпазлива поука за срамот, всадувајќи им свест за невозможноста геј-желбата и геј-чувството некогаш да се преведат во јавен израз и во општествено одржлива стварност – како и изострено сознание за опасноста што ја повлекува и самиот обид да се стори тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој нема да го доживее враќањето на ластовиците во Рамалах, во неговата втора Картагина во урнатини.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кратката содржина на спомнатава приказна ја излагаме врз основа на избледеното сеќавање на кукушанецот Бојаџијата, близок пријател на Ѓошо Савев, еден од преживеаните комити од придружбата на грабнатата мисионерка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)