придонес (имн.) - ги (зам.)

Се додаде и нова одредба според која средствата потребни за исплаќање на пензиско, инвалидско и здравствено осигурување во висина од две просечни нето плати ги покрива државата, а, доколку разликата од нето платата го надмине овој износ, средствата за придонеси ги плаќа работодавецот (чл. 8, ЗИДЗВИЛ/јул.05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со оваа измена, се преуредуваат и прекршочните одредби, т.е. се предвидува глоба во износ од 2.000 до 2.500 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите за сторен прекршок, доколку: 1) неправилно ја подготви пресметката и уплатата на придонесите ги изврши на погрешен износ и 2) постапи спротивно на членот 18 од овој закон (чл. 28-а).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Второ, во случајот кога некое лице е во работен однос и истовремено остварува дополнителни приходи преку хонорарно ангажирање, тоа е принудено по втор пат да плаќа придонеси, иако веќе еднаш придонесите ги платило како вработено лице.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)