приближување (имн.) - на (предл.)

Она што следи е приказ на некои од правците на развој што можеме да ги забележиме со приближувањето на нашата ера кон сѐ-електронската иднина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Всушност тоа се оние поединечни гласови и први сигнали за приближување на опасноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека пловеа по преполните тротоари, никогаш сосем еден покрај друг и никогаш не гледајќи еден во друг, тие водеа необична конверзација во продолженија, која блеснуваше и се гаснеше како светилката на светилник, ненадејно прекината од приближувањето на некоја партиска униформа или од близината на телекранот, продолжена неколку минути подоцна од средината на реченицата, потоа нагло пресечена при разделбата на договореното место, и продолжена речиси без секаков вовед наредниот ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но дека и цвеќињата го наслутуваат приближувањето на водите, нема спор!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со приближувањето на тапанот се слуша и мелодијата на зурлите, придружена од пијаното пеење на Караман Атанас).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)