прибирање (имн.) - на (предл.)

Со своите секојдневни извештаи тие допринеле центрите на СОЕ во Каиро и Лондон со внимание да ги следат воените и политичките настани во Македонија, да ја насочуваат активноста на членовите на мисиите за прибирање на потребните воени и политички информации за да можат правовремено да дејствуваат кај командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел да ги заштитат своите интереси на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се отишло направо од тајното судење, поточно - од прибирањето на доказниот материјал - на јавно изрекување на пресудата, без да им се даде никаква можност на обвинетите на јавниот „процес“ да се бранат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Сметката ми беше погрешна“, рече Марин, „тргнав од Дубровник по најубаво време, и здрав, но прибирањето на восокот ме задржа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Луѓето брзо се организираа и во прибирањето на млекото што извираше од земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)