префрлување (имн.) - на (предл.)

Откако тој се врати од болницата во својот виенски дом на улицата Шонлатерн, секое утро излегував од дома велејќи дека одам да читам во библиотеката, оставајќи го зад себе префрлувањето на мајка ми дека моите врснички по цел ден остануваат дома а излегуваат само со своите мајки, или некој друг повозрасен член од семејството, за да не си го нарушат угледот кај договарачите на бракови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер ме чекаше во својот дом за да може да заспие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Покрај тоа, префрлувањето на проблемите на наркоманијата во лекарските ординации не претставува правилно користење на ресурсите наменети за медицината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Голем број од нив сметаат дека нивната работа е да лекуваат болни луѓе, така што не би биле спремни да препишуваат потенцијално опасни дроги дури ни на пациенти кои го сакаат тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)