претстава (имн.) - на (предл.)

Една од претставите на репертоарот беше „Мармалад“, претстава која на годинашниот МОТ ги собра сите симпатии, како од публиката, така и од стручното жири.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Имено, режисерот од бугарска провиниенција, Николај Калчев, на програмчето печатено по повод претставата на сцената на Драмскиот театар од Пазарџик, писмено ја изартикулирал причината поради која се нафатил да ѝ даде сценски живот на пиесата од српскиот автор С Минковиќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Формата на идеограмот може да биде толку изменета што веќе не се распознава како сликовна претстава на предметот; а неговото првобитно значење може да биде проширено на тој начин да ги вклучува идеите за кои не постојат јасни сликовни претстави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Целата оваа реалност е наметнато, екранизирано платно на сиви сенки, кукли од партали, гротескна претстава на сурогати, црно бели копии без идентитети кои моментално атрофираат ако врз нив истурите шолја црно кафе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Завршуваше претставата на апсурдот во која само јас не си ја знаев однапред улогата и мојот текст.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кој да замисли, поверува, почувствува: ми се подготвуваше претставата на најапсурдната варијанта на балканската театарска драма во која требаше да бидам единствениот травматизиран главен актер и гледач!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите заедно учествуваат во заедничката претстава на откорнувањето на религијата од душите на луѓето за да ослободат место за идеолошкиот Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И овде во Атеистичкиот музеј во Скадар ни се подготвуваше албанската идеолошка варијанта на музејско - театарската претстава на апсурдот – за борбата и ликвидацијата на Бога, со сите негови слуги на земјата и на небото!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа се обидов да ѝ го објаснам на онаа девојка, Ким Новак: „Имате премногу изрази на лицето. Не сакам да видам ниту еден од тие изрази.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Природата на компјутерските фонтови, мрежните структури, и интерпретаци­јата на дигиталната информација е она заради што испарува традиционалната претстава за темпоралната и корпорациска величина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Последично, инкорпорацијата на електронскиот текст е одвоена од секоја претстава на активностите што бараат ‘стварно работно време’: текстот е вчитан (деривиран од пред-постоечка копија), прикажан, затворен и избришан без никаква врска со традиционалната работна сила и со интензивното време на дуплирачките процедури на истражување, печатење, копирање и архивирање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако одговорот на прашањево е одречен, тоа значи дека егоизмот и идентитетот се разрешуваат во претставата на поединецот што постои само на начин да го порекнува ближниот свој.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веќе беше на излегување кога сфати дека може неповратно да ја пропушти оваа неповторлива шанса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија, забавувајќи се, присуствуваше на таа претстава на голите пациентки, кои се бркаа со болничарките низ црквата како слепи кокошки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Томче долго, долго гледаше во забелените полиња и ридови и му се чинеше дека ја гледа најубавата претстава на природата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)