Претставите се грабаа за простор и се менеа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во голем сандак... врата во која шумеше боја на зрела ’рж... стари пејзажи, литографска идили на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Претставата се нишаше во беспростор и безвреме. И гледај!
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таму претстави се случуваат инцидентно, а публиката не можеш ни со добро проверениот метод на партиите (со закани, со јавувања по телефон, со гарантирано вработување на еден од фамилијата) да ја внесеш во салите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
DD ПТ: Мислите на големата слика каде претставите се поставени обратно и во својата вистинска позиција? DD ЕВ: Токму на нив. DD ПТ: Чудно е, бидејќи, обично сме навикнати да гледаме по еден Исус истовремено.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Затоа, кај нас, најуспешни театарски претстави се оние кои за време на премиерната изведба се поткрепени со присуството на претставници на политичката, односно претставници од врхушката на партијата на власт.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Претставата се трудев да ја догледам, зашто очекував нешто понеобично да се случи, но тоа не стана, освен што сѐ повеќе, со сите свои интими на најчувствителното човечко катче, се разголуваше преразголеното човечко тело и анимализмот на снагата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)