претпријатие (имн.) - МК (скр.)

Таа, на секои три или, пак, на секои шест месеци – склучуваше т.е. го продолжуваше договорот за работа на определено време со нејзиниот работодавач.2 Инаку, претходно, веќе имаше остварено повеќе од 13 години работен стаж во печатница – којашто, во неуспешната транзиција, како и многу други велешки претпријатија, отиде под стечај и повторно не проработи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текстилната фабрика, каде што имаше сѐ на сѐ околу 100-тина работнички – според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на конфекционер, односно машинист- шивач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)