Тоа биле првите интерни независни информации за состојбата во Македонија од американски известувачи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По пристигнувањето во Македонија, американскиот шеф на воените мисии, мајорот Скот Дикинсон, за првпат независно од британските воени мисии во Македонија започнал со испраќање извештаи до своите претпоставени во Белград за она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Дури и покрај порастот на тензиите во Европа и заинтересираноста на САД при крајот на 1930 год. за појавата на фашизмот, од легациите се бараше да бидат само пасивни посматрачи на локалните настани и политики (иако поголема активност и поголемо внимание се барало во однос на меѓународните настани), бидејќи таквите локални политички настани не беа од интерес за нивните претпоставени во Стејт департментот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)