пресрет (имн.) - му (зам.)

Во пресрет му идеше колона партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На улицата пред Ману во пресрет му притрчаа две дами кои прво љубезно му побараа запалка, па го прашаа да не му треба нему нешто за возврат.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И наеднаш пред уште дождот да капне во пресрет му идат и лисјето и земјата и птицата изгубена во жбунот и здивот мој заборавен во тремот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)