пресметка (имн.) - на (предл.)

По фактичкото прераспределувањето, кое се случи во септември 2002, во пресметките на платата, тој забележа дека ја добива само основната плата без додатокот за минат труд, на што реагирал усно – при што му е одговорено дека настанала некаква „грешка“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Почнала крвавата пресметка на жандармите и војниците со невиното македонско население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За доказ на својата теза ги земаше крвавите пресметки на комунистите со свештениците од речиси сите вери.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, проблемите почнуваат 2002, токму по изминатите пет години, кога менаџерскиот тим на компанијата најавува отпуштање на ¼ од вкупниот број вработени – и тоа по разни основи!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја одбие жалбата како неоснована и ќе ја потврди првостепената 116 пресуда кога ќе најде дека не постојат причини поради кои пресудата се побива, како ни причини на коишто внимава по службена должност (чл. 357, ЗПП). 6.  Измените на ЗОО од 2008 година воведоа значајни промени не само во терминологијата, туку и во начинот на пресметка на каматата, бидејќи престана да важи дотогашниот ЗВСЗК (1992) – в. чл. 73 – чл. 77 од ЗИД ЗОО/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Единствена светла точка на постоењето на синдикатот е „џентлменскиот договор“ постигнат помеѓу вработените и „реномираниот“ купувач, тој како иден газда – во наредните пет години – да не врши никаква промена во однос на бојот и систематизацијата на работните места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд може – на седница на совет или врз основа на одржана расправа – да ја отфрли жалбата како ненавремена, нецелосна или како недозво- лена; да ја одбие жалбата како неоснована и да ја потврди првосте- пената пресуда; да ја укине оваа пресуда и предметот да го врати на првостепениот суд на повторно судење; да ја укине првостепената пресуда и да ја отфрли тужбата или да ја преиначи првостепената пресуда (чл. 355. ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)