пресврт (имн.) - во (предл.)

Вистина е дека Спиноза, иако нешто помлад, размислувал во рамките на Декарт, но мислел и низ нив, вон нив, односно го размислувал она што кај Декарт останало како немислена врска на неговата метафизика на светот: телеолошката насоченост која се покажува во Декартовото решение на прашањето душа-тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа нивните концепти на телото како повеќе да се спротивставени; преминот од Декарт кон Спиноза донесува пресврт во сфаќањето на телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не беше подготвен никој освен Чанга за ваков пресврт во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден од длабоките ефекти на аргументот за приватниот јазик е што тој сугерира пресврт во овој редослед на тешкотиите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од картезијанска гледна точка, знаењето во „прво лице“ на психолошките состојби е непроблематично, бидејќи кон нив ни е отворен директен и транспарентен пристап, додека знаењето за нив во „трето лице”, како и знаењето на она за што обично сметаме дека го претставуваат, е мошне проблематично, како што покажуваат скептичките аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сеедно дали постои или не бакнежот, со неговото „случување“ се случува и пресврт во директното опкружување на поетот: се населуваат две тишини околу него како доказ дека имало бакнувач, како оставена трага во денот на нешто што пролетало низ него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Настанатиот пресврт во Бугарија и промената на владата ги стави командантите на Петтата бугарска армија пред свршен чин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сокол Мечевски сигурно не очекуваше ваков пресврт во Татковите мисли.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
“национални литератури”, судбоносниот пресврт во историјата на духот кој доведе до разорување на континуитетот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Почнувајќи од овој момент, вели Лефевр, а тоа е мигот на самиот пресврт во кој урбаната цивилизација ги прекрива хоризонтите на светот, животот, „Градот се потврдува. Тој се впишува во плановите. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 158
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да ја разгледаме уште еднаш онаа мигновена секвенција на сликите од Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да се разбере, под услов да се објаснува со неговите сопствени поими.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Минливата сенка од жалузините врз лицето и телото на Крафорд придонесува кон драматичноста на сцената.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Севкупниот ефект – на осветлувањето, на композицијата на кадарот и на движењето на глумицата – е да се засили расположението на мигот, да се продлабочи сериозноста на новиот и мрачен пресврт во заплетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Процесот на транзиција е означен со низа промени од кои приватизацијата како радикален пресврт во општеството изврши најголемо влијание врз социјалните структури во Источна Европа и кај нас.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Татко во својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, колку и да го посакуваше овој пресврт во родната земја, не можеше да го предвиди.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со оглед дека опкружувањето игра активна улога во обликувањето на умот, се обидов да ги променамнашите вообичаени односи и реакции во нашата средба со секојдневна реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
“141 141 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 112 Проблематизирањето на културните и материјалните вредности, конвенции и авторитети што го прави Димитријевиќ, неговото славење на важноста на обичното и занемареното, е присутно и во неговото тактичко користење на инструментите на историското сеќавање/глорификација: споменици (Дејвид Харпер, Лондон, 1972 година; Обелиск од онаа страна на историјата – 10 метарски споменик од карарски мермер во слава на 11 март, датум случајно избран од страна на случаен минувач), плакети (со натписи како што се Џон Фостер живеел тука од 1961 до 1968; Ова би можело да биде место од историско значење), бисти, улични знаци, листи на случајно избрани имиња итн., во чест на непознати личности и настани: „Сакав да направам пресврт во значењето...
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Првото писмо што го добив од непознатата читателка Елен Лејбовиц означуваше пресврт во мојата епистоларна култура и искуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Секојдневните борби и ослободувањето на градовите во Македонија биле топ-тема во дневните весници на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа бил оној момент кога настанал целосен пресврт во однос на носителите на борбените акции во Македонија, каде што започнале операциите за нејзино конечно ослободување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа се случи недела две пред да се сретне со тетка Перса, личноста што направи вистински пресврт во нејзиниот живот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)