Еве ме, најден пред Атеистичкиот музеј во Скадар, пред прагот на куќата-симбол на последното преобраќање на мојот народ во атеистичката религија, на крајот од обидот за нашето морничаво музејско-театарско преобраќање во нормите на соц-реализмот во земјата на корените.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Шпанската историја ја проучуваше пред да замине со доброволните антифашистички бригади, но и ги почувствува нејзините најтрагични моменти и затоа тој се надоврза на Татковото кажување: Волјата за религиозна христијанска унификација ќе се почувствува по крајот на муслиманска Шпанија, кога во 1492 година, католичките кралеви, стигнувајќи во Гранада, ќе ги прогонуваат Евреите, со исклучок на тие што ќе го прифатат преобраќањето во христијанството. Тоа е историјата на мараните.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И шпанските муслимани биле насилно преобраќани во католици: тоа е историјата на мориските (les morisques), додека триста илјади муслимани во почетокот на XVII век биле прогонети од Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Колку малку време мина, а народот беше ставен во искушението на навидум последното преобраќање во комунистичката религија...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И самиот присилно влезен во механизмот на жртвувањето, најден под пресијата на најсилното преобраќање во сталинистичката идеологија, имав сили и мноштво аргументи да размислувам за огромната моќ на приспособувањето на институцијата на жртвувањето во повеќе облици и спреги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Одземањето на децата и преобраќањето во ислам, воспитани во Турција и одредени да станат верни војници на султаните, стануваат правило.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)