Според расположливите информации немало никаков доказ кој би навестил дека „преминот на британските личности би успеал преку територијата окупирана од Арнаутите северно од Скопје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој ден, Битола како повторно да се врати во старите добри времиња од преминот на 19тиот кон 20 век, кога беше еден од најважните градови на јужниот дел од балканот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Исто така, тој нагласил дека е противник на „сегашната бугарска политика за давање премин на Германија во сите правци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 6 јануари 1941 година, истиот агент истакнал дека добил потврда на информацијата дека Михајлов бил во Полска од 1934 година па сè до германската окупација, а од тогаш се наоѓал во Унгарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поетот не успевајќи да му се наложи на другиот предел, барајќи одговор од историјата и разбирајќи дека таа не може да биде компензација за изгубената земја, одговорот ќе продолжи да го бара на неизвесните патишта на универзалниот егзил, на некој можен премин на минливоста, на премин меѓу материјалното и метафизичкото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во својата медитеранска екстаза, како некогаш Албер Ками, Дарвиш ќе потврди дека јазикот и метафората не се доволни на пределот да му се наложи друг предел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дајте ми да си поткаснам, па откако ќе легнам и ќе отпочинам, тргнуваме кон преминот на проблемот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
По извршената пасошка контрола и преминот на другата страна, го побарав началникот на полицијата и му кажав за случајот со цариникот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)