преместување (имн.) - на (предл.)

Тајната не беше во преместувањето на компјутерот или работната столица, тајната немаше да биде ниту во промената на работното биро, доколку тоа се случеше, а немаше да биде ниту во промената на работната просторија, па дури ни во комплетната промена на работното место.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, парижанте многу жалат за старите „Хали“ и, колку што ми е познато, имало долги и бучни расправии поради преместувањето на „Халите“, кои се толку многу сврзани со историјата на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги следеше и не ги одобруваше моите преместувања на предметите во куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Вековниот грчки карактер на брегот и успехот на Грција со помош на Друштвото на народите во населувањето Грци од Мала Азија во областа ѝ даваат на Грција неспорно силни права за нејзиниот дел од Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По 1919 г. карактерот на населението се промени со преместување на муслиманите кои зборуваат турски и најголем дел на Бугари и со прилив на огромен број грчки бегалци, грчка Македонија во 1938 доминантно беше населена со Грци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)