Одговорните лица на заштитното друштво и правното лице за истите прекршоци ќе се казнат со глоба од 400 до 600 евра.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, по три години од примената на новиот ЗРО (2005), со неговата прва измена од август 2008, на директорот, за сторениот и констатиран прекршок ќе му се изречеше глоба од 1.000 евра во денарска противвредност.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Според ЗОО, со договор за дело вршителот на работата [претприемач, изведувач] се обврзува да изврши определена работа – како што е изработка или поправка на некој предмет или, пак, извршување на некоја физичка или интелектуална работа и сл., а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест (чл. 619, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Најчестата злоупотреба во сферата на трудовото право кај нас е тоа што огромен број лица кои de facto се „работници“ de iure немаат склучено договор за вработување (кој е регулиран во ЗРО) туку ваков договор за дело (кој, пак, е регулиран во ЗОО) – па, бидејќи тоа им е поевтина варијанта на работодавачите, овие т.н. „хонорарци“ не ги уживаат правата кои би ги имале како „вработени“ лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покана за плаќање на глобата на сторителот на прекршокот ќе му врачи инспекторот на трудот на местото на прекршокот (чл. 265, ст.1, ал. 6 и ст.2-4 од ЗРО). 7. Изведувањето на доказите го определува советот, односно судијата поединец – со решение, во кое ќе се назначи спорниот факт за кој треба да се изведе доказот и доказното средство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За истиов сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 10.000 ЕУР на работодавач–физичко лице; а 7.000 ЕУР на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот (чл. 264, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)