презентирање (имн.) - на (предл.)

Да се испраќаат кодирани пораки до интернационалниот уметнички свет од потполно бизарно место како што е Spitafields, во 60-тите е порадикално и поиновативно отколку презентирањето на големи слики во Русија и Кина, земји кои ќе изложат било што ако им се понуди на вистински начин.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нивното чувство за боја е под влијание на треперливите призвуци на Пакистанските текстилни работници од соседството и пост-фовистичката облека на Rave-културата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
При презентирањето на својот обемен труд професорот покрај воведот (за кој веќе стануваше збор) го изостави и завршниот дел во кој покренува одредени сомненија па дури и некои неразумни барања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)