Вистината и сета онаа долгорочна разложност што треба да ги преиспита нејзините претпоставки, а што впрочем е востановување на една цивилизирана состојба на народен живот во демократија - се отфрлени поради предрасудите на заедницата којашто не сака да живее цивилизирано, туку судбински како притаен страв за себе и опасност за другите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Обично нѐ мачеа парите и, секако, предрасудите на луѓето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И тој дури и мисијата за опстанатите османизми во балканските јазици со својот пријател Климент Камилски ја сметаше за скромен прилог во новата балканска свест, која требаше и на тој начин да им се пренесе на новите генерации, на нивните потомци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со долготрајна осаменост, се разжестувам, тој го ослободува духот од предрасудите на провинцијалноста и лицемерието.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Татко со целосно балканска судбина, беше свесен дека излезот од новата митологија за Балканците беше во еден автентичен, реален процес на самоосвестување ослободен од секакви предрасуди на комплексноста на балканските идентитети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)