предмет (имн.) - му (зам.)

Закупецот е должен да ја плаќа закупнината во роковите определени со договорот или со закон, а во недостиг на договор и закон, како што е вообичаено во местото каде што предметот му е предаден на закупецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој одговара за штетата што ќе настане со употребата на закупениот предмет спротивно на договорот или на неговата намена, без оглед дали го употребувал предметот тој или некое лице кое работи по негов налог, подзакупецот или некое друго лице на кое тој му овозможил да го употребува предметот (чл. 584, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој самиот вели: „Поставувајќи си за цел да се најдам во Англија, сметав дека ќе попаднам не во некое непознато продолжение на младоста, туку назад, во колоритното детство, на кое токму Англија, нејзиниот јазик, книги и предмети му придаваа китнест изглед и волшебност.”
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Судијата поединец е врзан за правосилната одлука со која предметот му се отстапува во надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога советот, во текот на постапката или претседателот на советот на подготвително рочиште, по службена должност или по приговор од странките, ќе утврди дека се работи за спор што треба да го суди судија поединец на истиот суд, ќе донесе решение – а, по правосилноста на ова решение, постапката ќе продолжи пред судија поединец и тоа по можност пред претседателот на советот како судија- поединец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот на кого предметот му е вратен на повторно судење е врзан за тој предмет со правното сфаќање врз основа на кое се заснова решението на ревизискиот суд со кое е укината побиваната второстепена пресуда, односно со која се укинати второстепената и првостепената пресуда (чл. 386, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Професорите по струката беа повеќе од задоволни, освен што си дозволуваа творечка слобода онаму каде што не мораше да се придржува до ликовната дисциплина, додека професорите по теоретските предмети му прогледуваа низ прсти во кои тој не се пројавуваше ни со очекуван интерес ни со особена смисла.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За ревизијата одлучува Врховниот суд на РМ – без расправа – и тој одлуката ќе ја донесе најдоцна во рок од осум месеци од денот на приемот на предметот во работа (чл. 373 и чл. 382, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)