предлог (имн.) - од (предл.)

Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Теофилакт Златоустиот: „Благословен е предлогот од Бога“. Августин Блажениот: „Ваистина благословен е“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Истиот ден испратив белешка до Министерството за надворешни работи на РМ со предлог проф. д-р Владислав Барчиковски, со предлог од страна на Сојузот на борците од НОБ да биде поканет во Република Македонија со цел да се сретне со своите македонски пациенти. Одговор не добив ниту од Министерството, ниту од Сојузот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
11.  Постапката што со одлука на судот е завршена правосилно, може, по предлог од странката кој има третман на вонреден правен лек [extraodrinaria auxilii], да се повтори во законски таксативно наведени случаи, меѓу кои и: – кога одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак; – до одлуката на судот дошло поради кривично дело на судијата, односно на судијата- поротник, на законскиот застапник или на полномошникот на странката, на спротивната странка или на некое трето лице; – странката стекне можност да ја употреби правосилната одлука на судот која порано меѓу истите странки е донесена за исто барање; – странката узнае за 207 нови факти или најде или стекне можност да употреби нови докази врз основа на кои за странката можела да биде донесена поповолна одлука тие факти или докази да биле употребени во поранешната постапка; – со одлука на надлежен орган дополнително правосилно е одлучено за претходно прашање на кое се заснова одлуката на судот (в. чл. 392, ст.1, ал.4, 6-7, 9-10 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Понатаму, во октомври 2009, беа додадени шест нови члена (213-а–213-ѓ): •  со првиот член се предвидуваше надлежен орган за утврдување на репрезентативноста, и тоа е Министерот за труд и социјална политика, на предлог од Комисија за утврдување на репрезентативноста; •  вториот член ја уредува структурата на Комисијата, која е составена од девет члена именувани од Владата по предлог на министерот за труд – и тоа, по три претставника на МТСП, Министерството за правда и Министерството за економија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)