предизвика (имн.) - општествен (прид.)

Можеби тоа има врска со фактот дека Хабермасовиот модел на јавната сфера е историски базиран врз моделот на печатените медиуми, коишто „поттикнуваа стилови на аргументација кои се одликуваа со линеарна рационалност, објективност, и консензус“107.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тој не успева да го согледа ослободителниот потенцијал на новите медиуми како нови сфери на јавна расправа, како и начините на кои тие не само што придонесуваат за доминација, туку и може да послужат како инструменти на граѓанското учество во јавниот живот и начини на предизвикување општествени промени.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)