предворие (имн.) - на (предл.)

Старицата не стигна ни до предворјето на овој храм.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му остана желбата да одлучува, притисната некаде во темните места на душата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Преку дворот на црквата, продолжуваме по патеката, некогаш улицата што по разурнатото дрвено мовче водеше до предворјето на паркот, па низ падината се стрчуваме во шумичката, меѓу пријатниот самрак од ниските гранки, мовлестите пенушки на соборените тополи и шумолењето на блиската река, место создадено за средношколците љубовници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Остана надвор од кипежот под неговите величествени сводови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Влеговме во предворјето на палатата. Пред нас беше построен почесниот одред на претседателската гарда за да ја укаже честа на највисокиот претставник на странската земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова беше предворјето на неговиот дом, сценографско решение на просторот каде што порасна.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа депресивна атмосфера во која го најде потонат градот кој онака жив и разгргорен, ориентално темпераментен каков што го пречека кога за првпат дојде во него и кого и рабинот го поимаше како капија на Истокот, како европско предворие на Леванот и Бисер на Ориентот, свесен зошто го нарекуваа и Мајка на Израелот и Втор Ерусалим, сега при второто враќање во Солун го доживува како старо, разурнато гробје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)