предвесник (имн.) - на (предл.)

Пред да ме здогледа или да го здогледам, сетив студенило околу срцето во ветре за кое не знаев од каде доаѓа, но знаев оти е предвесник на Рибоокиот, и оти Рибоокиот е тука некаде и ме бара.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во една симболична констатација, волкот е предвесник на апокалипсата. Незаситен голтач на времето. Така барем нѐ учеа на факултетот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Знаеше дека јужниот ветер е предвесник на пролетта.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таа забелешка, меѓутоа, не го намалува „студенилото околу срцето“, како сигурен предзнак, а и предвесник на неговото присуство.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)