превоз (имн.) - до (предл.)

Работодавачот може да бара и надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кој има пари ќе си отвори приватна ординација, кој нема, како мене, ќе дреме таму за ич пари. Само за превоз до работа, сендвич, цигари и толку.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе за малициозното ограничување на ова уставно право на работниците, но и за успешните приказни од штрајкувачките искуства во РМ види ја студијата Штрајк – искуства и состојби [уредник: Здравко Савески]; ДСП „Ленка“; Скопје, 2011. 4.  Работодавачот, почнувајќи со исплатата на платите за јануари 2009, утврденото право на нето-плата за декември 2008-та го зголе- мува за износот на: пресметаниот данок од плата, задолжителните социјални придонеси, согласно со пропишаните законски стапки и за износот на трошоците поврзани со работа по основа на исхрана за време на работа и превоз до и од работа, пресметани согласно со закон, колективен договор и договор за вработување (нов т.е. изменет чл.3, ст.1 од ЗИП). 97 5.  Европскиот суд за човекови права е постојан суд основан од страна на државите – договорни страни на Европска конвенција за заштита на човековите права и основните слободи [оваа Конвенција нашата земја ја има ратификувано во 1997-та].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)