прашање (имн.) - влакно (имн.)

Скапоценоста е можеби умешност на мигот да ни ја открие убавината на предметот што никогаш не постоел и на времето што никогаш не се случило Како она влакно донесено од најдревниот храм во Њу Делхи Влакното на месниот Буда или на некој друг мудрец сличен нему (А можеби беше во прашање влакно на ноќна убавица што преспала на перницата на спомнатиот Буда) Умешните творци на реликвии грижливо го чувале за нашето пристигање а ние и не слутевме дека сме изиграни Дека сме жртви на играта што ја смислил профитот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)