прашање (имн.) - нема (гл.)

Не лути се, од прашањето нема лошо.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Најпрвин треба да се каже оти по македонското прашање нема никаква разлика помеѓу погледите на руското општество и народот, од една страна, и владата, од друга, а има само разлика во степенот на интересот за него: општеството и народот многу помалку се интересираат од владата што се гледа од помоштите за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ниедно друго прашање нема смисла, сѐ додека смртта ни здивта зад вратот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од филозофската литература со која се клукаше знаеше дека еднозначни одговори на клучните животни прашања нема.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)